Проблем со корона во Барса и Еспањол, дали Ла Лига ќе ја снајде судбината на ПЛ?

Во Шпанија се потврдени неколку случаи на коронавирус. Еспањол излезе со соопштение дека неколку членови на тимот и стручниот штаб се позитивни на коронавирус, а набрзо стигна информација и од друг дел на градот.

Позитивен е и стоперот на Барселона, Клемент Ленгле, кој ќе мора да оди во изолација и извесно е дека нема да игра против Мајорка во недела. Шпанските медиуми пишуваат дека коронавирусот предизвика општа конфузија во Премиер лигата, дека многу натпревари се одложени, но дека тоа не е проблем колку што нема јасни правила поради кои настанува значителен хаос.

Инаку, во Каталонија го намалија капацитетот и до 70% на спортските настани, а наскоро се очекува и заострување на мерките.

Се вчитува...