Проблем за Бајиќ: Младеновски ја пропушта Шпанија

Македонската кошаркарска репрезентација се соочува со проблеми во пресрет на стартот од квалификацискиот циклус откако центарот Љубомир Младеновски отпадна од комбинација за дуелот со Шпанија.

Стомачен вирус е причината за отсуството на Младеновски, кој веќе имал разговор за селекторот, се понудил да настапи без воопшто да тренира до мечот, но Бајиќ пресекол дека е најдобро тој да остане дома и да се рехабилитира, меѓу другото и за да се заштити остатокот од екипата од евентуално ширење на вирусот.

„Имам стомачен вирус и сериозни проблеми за нормален тренажен процес. Разговарав со селекторот и му се ставив на расолагање макар и со еден тренинг да помогнам против Шпанија. Сепак, за да ги заштитам соиграчите од вирусот селекторот препорача да мирувам и целосно да закрепнам. Доколку има и најмала можност да играм за мојата репрезентација, не би двоумел и би го облекол дресот со државниот грб“, изјави Младеновски.

Се вчитува...