Проблем за Барса – Умтити ја обнови повредата

Самуел Умтити не може да крене глава од повреди, па францускиот ас се пожали на болка во коленото само неколку дена по настапот во стартниот тим на дуелот со Еибар. Во таборот на Барселона се загрижени бидејќи станува збор за истото колено кое неодамна беше оперирано, па сега постои стравување дека може да следи нова подолга пауза од терените.

Барселона преку клупско соопштение објави дека Умтити поради повторување на стариот проблем нема да патува со тимот на гостувањето против Славија Прага. Во текот на седмицата се очекува да бидат извршени и детални прегледи, по што ќе се знае колку долго францускиот дефанзивец ќе отсуствува од терените.

Покрај Умтити, поради повреда во Прага нема да патува ниту Серхио Роберто, што значи дека одбранбената линија против Славија ќе ја сочинуваат Семедо, Пике, Ленгле и Алба.

Се вчитува...