Проблем за Чешка: Поради дефект на авионот фудбалерите не полетаа за Шведска

Поради непријатности со авионот, репрезентацијата на Чешка наместо денеска, утре ќе патува на бараж натпреварот со Шведска. Тие мораа да го пролонгираат патувањето поради дефект на нивниот авион.

– Чешката репрезентација ќе го промени својот распоред и за Шведска ќе отпатува дури в среда поради дефект на авионот, изјави портпаролот Петр Седиви, не изнесувајќи детали  околу дефектот на леталото.

Ова не е првпат Чесите да имаат проблем со авионот. За време на ЕВРО 2020 доцнеа со летот од Прага до Будимпешта, каде што во осминафиналето ја победија Холандија со 2-0.

Победникот од баражот Шведска – Чешка ќе игра против Полска во финалето, која обезбеди директен пласман поради дисквалификацијата на репрезентацијата на Русија поради агресијата врз Украина.

Се вчитува...