Германија со триумфот над БСК го осигура пласманот во следната мундијалска рунда, но оваа победа беше скапо платена со оглед на незгодната повреда што ја заработи Нико Шлотербек.
Стандардниот дефанзивец настрада во првото полувреме, откако му беше укажана лекарска помош продолжи да игра, но со тоа само ја влоши состојбата и на крајот мораше да биде заменет со Ридигер.
„Засега не изгледа добро. Да ги почекае лекарските прегледи, но не изгледа добро“, прокоментира селекторот Нагелсман веднаш по натпреварот.
Шлотербек пред една година поради повреда на менискусот имаше долга пауза на терените, а во германскиот табор стравуваат дека проблемот повторно е сериозен и асот на Борусија Дортмунд ќе го очекува повеќемесечна пауза, што ќе значи и крај на мундијалот за него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
