Проблем за Гвардиола: Манчестер Сити без Давид Силва ќе гостува на „Енфилд Роуд“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се соочува со голем проблем во пресрет на големото дерби против Ливерпул претстојниот викенд на „Енфилд Роуд“. Тој ќе го нема на располагање креаторот на играта на „граѓаните“, Давид Силва.

Шпанскиот интернационалец заработи повреда на бутниот мускул на дуелот против Саутемптон и речиси е сигурно дека нема да може да се опорави за важната пресметка против Ливерпул.

„Речиси е невозможно да го имаме Давид Силва за мечот со Ливерпул. Не зборував со докторите, но опоравувањето од мускулна повреда трае од 10 до 12 дена. Тој ќе ги пропушти Аталанта и Ливерпул“, изјави Пеп Гвардиола.

Манчестер Сити има шест бода негатива во однос на Ливерпул на врвот на табелата во Премиер – лигата по 11 одиграни кола.

Се вчитува...