Проблем за Клоп: Салах ќе игра на ОИ во Токио

Мохамед Салах најверојатно ќе биде принуден да го пропушти стартот на новата премиерлигашка сезона откако беше обелоденето дека овој фудбалер ќе настапи за селекцијата на Египет на претстојните Олимписки Игри во Токио. Ова денеска го потврди и селекторот на олимписката репрезентација на „фараоните“, Шавки Гариб.

„Имаме право на тројца фудбалери над 23 години, а досега е избран само Мохамед Салах, сосема логично бидејќи станува збор за еден од тројцата најдобри играчи во светот“, изјави Гариб за египетските медиуми.

Олимписките Игри во Токио ќе стартуваат на 24 јули, што значи дека Салах би ги пропуштил целите подготовки на Ливерпул за новата сезона.

Останува да се види дали најдобриот египетски фудбалер воопшто ќе остане во Ливерпул во текот на летото, со оглед на мегапонудите што ги најавија Реал Мадрид и Јувентус за негов ангажман во претстојниот преоден рок.

Се вчитува...