Проблем за ЛА Лејкерс: Вестбрук не сака да си замине

Лос Анџелес Лејкерс се соочува со огромен проблем во пресрет на новата сезона откако Расел Вестбрук одлучи да ја одработи последната година од договорот, според кој експлозивниот бек ќе заработи огромни 47,1 милиони долари од „езерџиите“.

Вестбрук пристигна од Вашингтон во 2021 година и требаше да биде голем адут на овој тим за освојување на нова титула, но се претвори во проблем откако одигра серија слаби натпревари по кои самодовербата значително му опадна. Навивачите токму во Вестбрук гледаа главен виновник што ЛА Лејкерс не успеа да се пласира во плејофот, Леброн Џејмс воопшто не беше во добри односи со Расел, па очекувањата беа дека тој летово ќе го напушти клубот.

Вестбрук денеска донесе одлука дека тоа нема да се случи, откако увиде дека по катастрофалната сезона нема да може да заработи ни приближно на друго место надвор од Лос Анџелес. „Езерџиите“ ќе се обидат да го трејдуваат поранешниот ас на Оклахома, но неговиот проблематичен карактер и огромната плата го прават Вестбрук исклучително тежок за размена во текот на летово.

Се вчитува...