Проблем за Ливерпул, Салах ќе паузира еден месец

Ливерпул обезбеди завидна предност на врвот на табелата во Премиер – лигата, но во наредните триесетина дена ќе мора да биде без најдобриот играч Мохамед Салах. Тој се жали на повреда на скочниот зглоб, а лекарскиот тим процени дека ќе мора да отсуствува еден месец од терените.

Ова значи дека Ливерпул ќе биде без помошта на египетскиот интернационалец на неколку важни натпревари, против Наполи во Лигата на шампионите и против градскиот ривал Евертон во Премиер – лигата.

Ливерпул во дерби – натпреварот од минатото коло во англискиот шампионат славеше над актуелниот првак Манчестер Сити со 3-1.

Се вчитува...