Проблем за Македонија: Николов исклучен во 52. минута

Дополнителен проблем за Македонија на дуелот со Азербејџан преставува и исклучувањето на Бобан Николов. Играчот од средниот ред доби втор жолт картон во 52. минута од средбата, со што Македонија последните 40 минути ќе ги игра со 10 фудбалери.

Николов првиот жолт го доби во првиот дел, а во вториот по еден остар старт со втора јавна опомена, беше испратен предвреме во соблекувалната.

Сега Азербејџан има предност на теренот со фудбалери, и тоа е голем хендикеп за нашата репрезентација.

Се вчитува...