Луис Енрике е во исчекување да дознае колку е сериозна повредата на Феран Торес откако шпанскиот голгетер заработи незгодна повреда со националниот тим.
Торес во текот на вчерашниот ден ја напушти репрезентативната база откако доби зелено светло да се врати назад во Париз, јасен предзнак дека проблемот воопшто не е наивен и дека ќе биде неопходна рехабилитациска програма во клупскиот тренинг-центар.
Шпанците не сакаат да ризикуваат, па Де ла Фуенте за последните два меча од овој циклус, против Чешка и против Хрватска дополнително го повика Еспи, младиот напаѓач кој блеска како „златна резерва„ во Реал Мадрид.
ПСЖ не ја почна сезоната онака како што посакуваше, а Торес беше една од ретките светли точки во тимот на Луис Енрике. „Светците“ во првиот меч по репрезентативната пауза ќе го пречекаат Ле Ман, по што ќе следи исклучително тешкото гостување во Лигата на Шампионите против Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
