Проблем за Симеоне: Се повреди Мората

Диего Симеоне се соочува со проблеми, со оглед дека би можел да биде без напаѓачот Алваро Мората.

Шпанецот го напушти теренот на полувремето на дуелот со Севиља, жалејќи се на повреда, но и натаму не е познато дали и колку ќе паузира.

Сите од Атлетико ги чекаат лекарските прогнози за да се види дали ќе биде на располагање на Диего Симеоне, но дефинитивно прави главоболки за Атлетико, кој се бори за место во Лигата на шампионите.

Се вчитува...