Проблеми без граници – Баерн остана без уште двајца првотимци

Ханси Флик се соочува со огромни проблеми токму во клучниот дел од сезоната, Баерн Минхен загуби со 2-3 од ПСЖ во првиот четвртфинален дуел од Лигата на Шампионите, а актуелниoт европски првак згора на тоа остана и без двајца стандардни првотимци. Германските репрезентативци Никлас Зуле и Леон Горецка мораа да бидат заменети уште во првото полувреме од синоќешниот дуел, а денешните прегледи не донесоа добра весст за Флик.

Нешто подобро минал Горецка, кој има само истегнување на мускулот, но офанзивниот играч за врска сепак ќе мора да мине најмалку десет дена надвор од терените, што го прави недостапен за настап на реваншот во Париз. Зуле пак има кинење на мускулни влакна, при што вообичаената пауза изнесува најмалку три седмици.

Покрај овие двајца првотимци, Флик нема да може да смета ниту на повредениот Роберт Левандовски, како и на Серж Гнабри, кој е позитивен на коронавирус.

Се вчитува...