Челси се наоѓа во огромна резултатска криза, притисокот врз Грем Потер е огромен, а дополнителна главоболка за стратегот на „сините“ претставува последната повреда на Тијаго Силва.
Најстандардниот дефанзивец на Челси се повреди на последниот дуел со Тотенхем, а деталните прегледи покажаа проблем со лигаментите на коленото. Добра вест е што не е неопходна операција, но бразилскиот ветеран во секој случај ќе отсуствува најмалку пет седмици од фудбалските терени.
Ова значи дека Силва ќе пропушти неколку значајни натпревари во Премиер-лигата, како и ревнашот од осминафиналето во Лигата на Шампионите против Борусија Дортмунд, на кој Челси ќе брка негатива од еден гол од првиот меч во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА