Проблеми без граници за Гвардиола: Коронавирус и повреди во Манчестер Сити

Манчестер сити ќе биде значително ослабен за неделниот дуел со Евертон откако неколку стандардни првотимци отпаднаа од комбинација за настап против „карамелите“.

Главна главоболка за Пеп Гвардиола претставува Кевин де Бруине, кој за време на репрезентативната пауза се заразил од коронавирус и ќе мора да мине десет дена во самоизолација. Згора на тоа, стратегот на Манчестер Сити најверојатно нема да може да смета ниту на Грилиш и Фоден, кои се повредија за време на тренинзите со англиската репрезентација.

„Де Бруине беше позитивен на Covid-19 по враќањето назад од Белгија. Грилиш има проблеми со повреда и се мачи веќе извесно време, додека Фоден се здобил со незгоден удар за време на тренинзите со англискиот национален тим. Грилиш најверојатно нема да настапи со Евертон, додека шансите на Фоден исто така се мали“, изјави Гвардиола.

Стратегот на „граѓаните“ веќе извесно време не може да смета ниту на услугите на Феран Торес, кој ќе биде „во аут“ до почетокот на 2022 година.

Се вчитува...