Проблеми и за Лестер – Џејми Варди мора на операција

Најдобриот фудбалер на Лестер, Џејми Варди ќе мора на операција на колкот, поради која ќе мора да пропушти неколку седмици. Искусниот напаѓач сезонава повторно е најдобар фудбалер на својот тим. Тој со 11 гола е меѓу најдобрите стрелци во Премиер-лигата, но проблемите со колкот кои го мачат веќе подолго време доведоа до тоа да мора да замине на операција.

„Џејми Варди неколку недели ќе биде надвор од терените. Нема долго да отсуствува бидејќи се работи само за „поправка“ во пределот на колкот и препоните. Ќе може да сметаме на него за неколку седмици“, изјави менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс. 

Варди сезонава беше стартер на 15 од вкупно 18 натпревари во Премиер-лигата, а покрај повредата на колкот имаше проблеми и со задната ложа.

Се вчитува...