Проблеми во „рајот“: Де Бруин останува без три милиони евра поради казната на Сити

Ригорозната казна од УЕФА сериозно ја наруши атмосферата во Манчестер Сити, па „граѓаните“ сега се соочуваат со опасност дел од клучните играчи на крајот од сезонава да си заминат од клубот. Еден од нив би можел да биде Кевин де Бруин, откако беше обелоденето дека белгискиот ас ќе зема значително помала плата поради неиграњето во Лигата на шампионите.

Де Бруин со потпишаниот нов шестгодишен договор заработува над 300.000 евра неделна плата, севкупно со предвидените бонуси договорени во преговорите. Проблем е што значаен дел од оваа сума се однесува на настапот во ЛШ, со оглед на квалитетот на тимот тоа не било доведувано во прашање, но сега со казната од УЕФА, Белгиецот би загубил вкупно три милиони евра во следните две години.

Тој е подготвен да почека до летово за да види дали жалбата на Сити ќе биде прифатена од страна на ЦАС, но доколку тоа не се случи Де Бруин сериозно ќе размисли и за заминување од клубот, во ситуација кога Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за неговите услуги. „Граѓаните“ ќе бараат над 100 милиони евра за својата суперѕвезда, а Реал како адут во преговорите ќе го има Иско, кој ќе биде вклучен во понудата за Де Бруин.

Се вчитува...