Проблеми за Барселона пред „Ел-класико“, Куман остана без значаен дефанзивец

Барселона покрај кризата, се соочува со нов проблем пред пресметката со Реал Мадрид во „Ел Класико“. Тренерот Роналд Куман нема да може да смета на стоперот Роналд Араухо, кој се повреди играјќи за репрезентацијата на Уругвај во квалификациите за Светското првенство.

Барса на дуелот со „кралевите“ не важи за фаворит и да ги има на располагање сите фудбалери, со оглед дека се соочува со голема криза како резултатска, така и финансиска. Араухо се наметна како квалитетна опција во дефанзивата, но во негово отсуство речиси сигурно е дека Куман ќе се реши за тандемот Пике – Гарсија во последната одранбена линија против Реал.

Араухо ќе мора да паузира две недели, што значи дека отпаѓа за „Ел Класико“ кое е на програмата за 11 дена.

Меѓутоа, тренерот на Барселона може да го охрабри враќањето на Усман Дембеле и на Кун Агуеро, кои би требало да бидат подготвени за дуелот со вечниот ривал.

Се вчитува...