Проблеми за Челси, Лукаку поради повреда го напушти кампот на Белгија

Томас Тухел не доби баш најдобри вести во интернационалната пауза откако денеска селекторот на Белгија, Роберто Мартинез потврди дека Ромелу Лукаку поради повреда го напуштил кампот на репрезентацијата.

Лукаку се пожалил на повреда на мускулот која ја почувствувал по мечот со Франција од полуфиналето во Лигата на нации во кој Белгијците успеаја да прокоцкаат предност од два гола и на крајот да го загубат со 3-2.

Дополнителните прегледи ќе покажат дали Лукаку ќе мора да мирува подолго време и кога Тухел ќе може да го има повторно во својот тим.

Се вчитува...