Проблеми за Јувентус – Киеза во „аут“ до 2022 година

Најмалку месец, а најмногу до три месеци ќе остане Јувентус без услугите на својот напаѓач Фредерико Киеза. Италијанецот се повреди на вчерашниот натпревар против Аталанта и мораше да го напушти теренот во првата минута во второто полувреме. Деталните прегледи утврдено е дека станува збор за повреда на бутот и со сигурност ќе биде надвор од терените до почетокот на новата година.

Сепак „црно-белите“ денеска добија и добри вести со оглед на тоа што поведата на Вестон Мекени не е сериозна и Американецот се очекува да се врати на теренот наскоро.

Се вчитува...