Проблеми за Конте – остана без услугите на Ромеро

Нова интернационална пауза и нови проблеми за Тотенхем. Овој пат клубот остана без услугите на својот стопер Кристиан Ромеро кој поради повреда на левиот бут мораше да биде заменет во 53. минута од јужноамериканската класика помеѓу Аргентина и Бразил.

Дваесетитри годишникот допрва треба да помине низ детални медицински прегледи, но првичните информации на аргентинските медиуми велат дека станува збор за потешка повреда која може да го оддалечи од терените до девет месеци.

Аргентинецот ова лето напрви трансфер во Тотенхем вреден 35 милиони евра и веднаш се наметна како стандарден играч кај „петлите“. Досега одигра 13 натпревари во сите конкуренции за лондонскиот состав па јасно е дека доколку остане надвор од терените подолго време тоа ќе биде и сериозен удар кон амбициите на Антонио Конте.

Се вчитува...