Шпанската кошаркарска репрезентација се соочува со огромни проблеми пред решавачкиот дуел за првото место во групата против Словенија, откако тројца членови на „црвената фурија“ завршија во самоизолација поради контакт со позитивно лице.
Станува збор за Марк Гасол, Усман Гаруба и за Алберто Абалде, на кои им биле издадени решенија за самоизолација. Интересно е што ова значи дека триото на шпанскиот состав ќе мора да остане во своите соби во олимпиското село, но од друга страна има дозвола да тренира и да се натпреварува, што значи дека тројцата ќе се најдат во составот на „црвената фурија“ за дуелот со Словенија.
Првото место во групата е многу значајно бидејќи би значело избегнување на САД и Франција од четвртфиналето, па јасно е дека Шпанците ќе дадат се од себе за да ги запрат „Дончиќ и компанија“ и да добијат нешто полесен ривал на почетокот од нокаут фазата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА