Проблеми за Тухел: Сака и натаму не е целосно „фит“

Букајо Сака стана една од главните теми во англискиот табор пред вториот натпревар од Светското првенство. Откако ја победи Хрватска со 4-2, Англија игра против Гана во Бостон, а крилниот напаѓач на Арсенал не тренираше нормално со остатокот од тимот во базата во Канзас Сити.

Сака со месеци се мачи со Ахиловата тетива, поради што сè уште не е целосно подготвен за Светското првенство. Затоа не го започна натпреварот против Хрватска, туку влезе од клупата и ѝ помогна на Англија да ги победи „коцкастите“ во финалето.

Иако се очекува да биде достапен за натпреварот против Гана, се поверојатно е дека нема да започне ниту на тој натпревар. Наместо нормален тренинг со остатокот од тимот, Сака заврши индивидуална програма, што покажува дека и натаму не е целосно „фит“.

Самиот Сака претходно призна дека е спремен да „ризикува“ со својата подготвеност да игра за Англија на Светското првенство. Но, Томас Тухел очигледно не брза. Англија има широк состав, а тренерот верува дека играчите кои доаѓаат од клупата можат да бидат подеднакво важни како и оние кои почнуваат.

Се вчитува...