Проблеми за Вест Хем: „Чекичарите“ останаа без Огбона

Вест Хем Јунајтед блеска и во новата каде и покрај тоа што се бори на два фронта со кус состав се наоѓа во одлична позиција. Во Премиерлигата е на третото место на табелата, а во Лига Европа избори плсман во нокаут-фазата.

Сепак проблемите за четата на Дејвид Мојс започнаа бидејќи тимот остана без стандардниот Анџело Огбона. 33-годишникот кој досега не пропушти натпревар се повреди на дуелот со Ливерпул, а и покрај тоа што беше заменет поради пукната аркада, стоперот се пожалил и на повреда на коленото.

По деталните прегледи е утврдено дека станува збор за предните вкрстени лигаменти и Французинот сега го очекува долга пауза, а не се исклучува и можноста да ја заврши сезоната. Огбона во редовите на лондонскиот состав пристигна до 2015 година од Јуветус и засега одигра повеќе од 200 натпревари.

Се вчитува...