Продолжена суспензијата на руските атлетичари

Светскиот атлетски конгрес донесе одлука да ја продолжи суспензијата на Атлетската федерација на Русија по препорака на Светската атлетска федерација. Со тоа продолжува агресијата кон руските атлетичари кои се суспендирани од 2015 година поради допинг скандал.

Од Русија не го кријат незадоволството од одлуката, а како што вели познатиот спортски коментатор Димитри Губернијев, САФ сака да го „убие спортот во Русија“.

„Можеби сите тие одлуки зависат од личноста која ја води Светската атлетска федерација, лордот Себастијан Ко, но навистина е штета што не преовлада здравиот разум. Најверојатно на некое ниво постои и омраза кон нашата држава и нашиот народ. Не можам да ги разберам нивните мотиви. Сакаат да го убијат спортот? Да го земат истиот од нашите деца? Говориме за кралот на спортовите. Мора да најдеме начин за согласност, но мислам дека тоа ќе биде многу тешко додека на чело на САФ е тој човек. Тој беше херој на Игрите во Москва па навистина е тешко да го сфатам овој однос кој го има спрема Русија“, вели Губернијев.

Се вчитува...