Продолжение на скандалот: Исландските убавици го сликале задникот на Фил Фоден (ФОТО)

Младите англиски ѕвезди Фил Фоден и Мејсон Гринвуд на суров начин ја научија лекцијата дека треба многу повеќе да се посветат на професионалност кога го носат дресот на гордиот Албион. Тие беа „уловени“ како донеле девојки за забава во хотелската соба во Рејкјавик при гостувањето на Исланд. Покрај тоа што беа отстранети од селекторот Герет Саутгејт, ставени се и на столбот на срамот откако излегоа во јавност и фотографии од задникот на Фил Фоден.

Гринвуд и Фоден го потплатиле менаџерот на хотелот да им ги спроведе исландските убавици Надиа сиф Линдал Гунарсдротир (20) и Лара Клаусен (19) во собата иако тоа во периодот на корона-криза, а и секако според начелата на ФА на Англија, е најстрого забрането. А и тоа не е се, туку откако имале секс, девојките ги фотографирале Фил Фоден и Мејсон Гринвуд во компромотирачки пози.

Се вчитува...