Продолжи Бизнис-лигата: ЕВН по голема битка го доби Маркарт

Со синоќешните три натпревари и официјално продолжи натпреварувањето во Бизнис-лигата…

ЕВН победи во чест на починатиот колега Јоцо

ЕВН 4-3(3-0) Маркарт

ЕВН: Томи Илиевски 5’ Наумче Бадаловски 9’ 40’ Ајет Новобрдарија 10’
Маркарт: Пеце Стојанов 31’ 32’ Мартин Стојанов 34’

Пролетниот дел од Бизнис Лигата на Македонија започна една минута молк во чест на трагично загинатите во сообраќајната незгода која се случи на патот Тетово – Гостивар.
Првиот натпревар од пролетниот дел го одиграа екипите на ЕВН и Маркарт, првото полувреме и припадна на екипата на ЕВН која одлично го отвори натпреварот и до 10та минута имаше солидна предност од 3-0. Екипата на Маркарт вршеше притисок кон голот на ЕВН со цел да го намали високото водство но екипата на ЕВН со одлично поставена игра во одбраната одолеа на притисокот и успеа да го добие првото полувреме со резултат од 3-0. Во второто полувреме ја видовме екипата на Маркарт во едно друго светло, уште на самиот старт наметнаа висок ритам на игра и вршеа жесток притисок кон голот на ЕВН што им донесе израмнување во 34та минута од натпреварот за последните минути од натпреварот да бидат вистинска драма. Во ваквата драматична завршница поуспешна беше екипата на ЕВН, која со гол во последната минута од натпреварот ги однесе бодовите со резултат од 4-3.

Македонски Телеком со одличен финиш до победа над С.Ц. Борис Трајковски

Македонски Телеком 7-4(2-1) С.Ц. Борис Трајковски

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 5’ 31’ Стефан Наскоски 35’ 40’ Даниел Анчевски 23’ 33’ Марко Магденовски 13’ 
С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 26’ 33’ 39’ Оливер Китановски 15’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и С.Ц. Борис Трајковски, екипата на телеком со погодокот на Лазаревски во 5та минута го отвори резултатот за водство од 1-0. По ова екипата на Телеком доби дополнителен мотив и тргна уште пожестоко кон голот на Борис Трајковски што им донесе водство од 2-0 во 13та минута. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски по оваа негатива се префли на противничката половина и вршеше притисок кон голот на Телеком па успеа да постигне гол во 15та минута и да го намали водството. До крајот на полувремето и двете екипи имаа по неколку одлични акции но не успеаа да реализираат па на паузата се замина со 2-1. На стартот од второто полувреме екипата на Телеком успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 3-1, но екипата на С.Ц. Борис трајковски не се откажуваше лесно од овој натпревар и со одличните погодоци на својот голман играч Костов успеваше резутатски да парира до самиот финиш од натпреварот. Сепак екипата на Телеком последните минути од натпреварот ги одигра одлично и успеа да го добие овој натпревар со резултат од 7-4.

Фуриозно прво полувреме на Уника

УНИКА 9-5(7-3) Искрател Груп

УНИКА: Арбен Нухиу 14’ 33’ Банјамин Граинца 10’ 12’ 17’ 31’ Тимотеј Нешовски 3’ 3’ 11’
Искрател Груп: Дарко Видиниќ 20’ Никола Велевски 7’ 33’ 38’ 40’ Никола Трајковски 14’

Првиот дел од натпреварот помеѓу екипите на УНИКА и Искрател Груп и припадна на екипата на УНИКА која уште на самиот старт ја превзема иницијативата и со два погодоци во 3та минута на Нешовски успеа да го превземе водството. По ова екипата на Искрател Груп започна со нешто поагресивна игра што им донесе погодок во 7та минута и намалување на водството. Сепак до крајот на полувремето екипата на Уника со одлична игра во одбраната и нападот успеа да го добие полувремето со високи 7-3. Во второто полувреме екипата на Искрател Груп со сите сили се обидуваше да ја намали високата негатива од првиот дел во што и делумно успеа но не и целосно да и се спротистави на денеска расположената екипа на Уника која го доби овој натпревар со резултат од 9-6.

Се вчитува...