Младиот шестгодишен Кирил Стефанов, беше среќниот верник кој го фати Светиот крст за Водици во црвката Злата Мегленска во главниот град на Хрватска, Загреб.
Со тоа продолжи традицијата на секое европско или светско првенство во ракомет, да се фаќа светиот крст.
Македонските навивачи секогаш кога има голем ракометен настан, а кои не се во Македонија, организираат Водици, и веќе стана традиција.
Денеска од 18 часот, Македонија го игра последниот меч во прелиминарната фаза против Гвинеја. Досега ракометарите имаат еден бод освоен во пресметката против Унгарија, додека во второто коло во контроверзен натпревар беа поразени од Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА