Продолжува „драмата“ околу Роналдо: Кетрин Мајорга сакала да се самоубие по силувањето…!

Не престанува драмата околу Кристијано Роналдо кој е обвинет за силување на Кетрин Мајорга во 2009 година.

Адвокатскиот тим на Мајорга одржа прес-конференција во Лас Вегас на која ги соопшти сите детали околу кобната ноќ, притоа потенцирајќи дека животот на Американката од тогаш е во голема мера променет…

„По силувањето Мајорга падна во силна депресија за што уште од тогаш постојат и медицински извештаи при што во неколку наврати е спречено нејзино самоубиство. Таа и денеска е под активна терапија поради силувањето. Се обидуваше со години да го заборави тој инцидент, но едноставно не може. Се кае што тогаш прифатила да добие 375.000 евра за да молчи за целиот случај, но дојдено е време целата вистина да се стави на виделина. Светот во Роналдо гледа идол, има милион обожаватели, но светот мора да ја знае и темната негова страна затоа што е неказнет силувач“ – соопштија од адвокатскиот тим на Мајорга.

Кристијано Роналдо и неговиот адвокатски тим, пак, сит овие обвинувања претходно ги нарече лажни и ги отфрли. Сепак, со оглед на тоа што во државата Невада нема застарување за случај на силување, се очекува наскоро да почне судска постапка по обвинувањата на Кетрин Мајорга.

Се вчитува...