Продолжува мизеријата: Манчестер има два гола негатива по првото полувреме (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжуваат со лошите игри сезонава, а вечерва по само 45 минути игра во Лигата на шампионите имаат два гола негатива против Рома.

„Римската волчица“ по првото полувреме на „Олд трафорд“ води со 2:0. Резултатот го отвори Матијас Суле во 11 минута по одличното додавање на Мора. Голот може да го видите ТУКА.

Само шест минути подоцна, Дони Мален го реализира ударот од белата точка.

Уште поубедлив настап имаше европскиот шампион кој уште во првото полувреме ги реши дилемите околу победникот. ПСЖ по првите 45 минути игра има водство од 4:0 на гостувањето кај Виљареал иако Луис Енрике допатува во Шпанија без четворица стандардни првотимци.

И Интер има сигурно водство по првиот дел од 2:0 на гостувањето кај Феенорд, додека Барселона има минимална предност над Астон вила.

На дербито во Мадрид, Атлетико и Баерн Минхен по првиот дел одиграа без голови.

Се вчитува...