Продолжува очајот на „топчиите“: Пораз и од Брајтон… (ВИДЕО)

И седми едноподруго натпревар Арсенал не знае за победа во Премерлигата. Во последниот меч од 15. коло во најсилниот англиски шампионат, „топчиите“ пред своите навивачи загубија од Брајтон со 1-2 (0-1).

Најавата дека ќе следи очајната серија на Арсенал дојде во 36. минута кога Вебстер го доведе Брајтон до водство од 0-1.

Во второто полувреме, Лаказет успеа во 50. минута да израмни на 1-1, но Французинот Нил Мапај во 80. минута постигна прекрасен погодок со глава за конечна победа на Брајтон од 1-2.


По овој пораз Арсенал падна на 10. место на табелата со 19 бода од 15 натпревари.

Се вчитува...