Продолжува војната во Аталанта: Гасперини го прозива Гомез, Аргентинецот возвраќа со видеа (ФОТО)

Аталанта игра како препородена во последно време и со пет победи во последните седум натпревари ја полека ја враќа претпознатливата форма. Тимот од Бергамо е се поблиску до врвот на Серија А, и тоа без капетанот Папу Гомез, кој е се поблиску до излезната врата.

Тренерот Гасперини воошто не смета на услугите на Аргентинецот, препукувањата помеѓу нив продолжуваат, но добиваат и други размери.

„Гомез не игра? Па тоа беше добар избор за да испробам друга веризја на овој тим. Бевме во проблеми и Гомез во тој момент едноставно не се вклопуваше. Мојот избор е исклучително од техничка природа. Видов дека патиме во средниот ред и донесов одлука Де Рон и Фрулер да имаaт повеќе помош. Тоа го правевме и претходно само што овој пат таа одлука не беше прифатена од една страна“ – изјави тренерот на Аталанта.

Аргентинецот не успеа да се воздржи, а на изјавата на тренерот возврати со серија на видеа на социјалната мрежа Инстаграм на кои ја покажува неговата позиција на теренот.

Се вчитува...