Продолжува војната во Грција – Олимпијакос ја тужи кошаркарската федерација

Олимпијакос подготвува тужба против Кошаркарската федерација на Грција. „Црвено-белите“ од Атина се исфрлени во второто по ранг натпреварување по конфликтот со федерацијата и Панатинаикос поради незадоволство од судискиот критериум.

Грчката втора лига донесе одлука дека во второто по ранг натпреварување не смеат да се носат странци, одлука која на клубот од Пиреа воопшто не му се допадна. Поради тоа раководството на тимот одлучи да упати тужба против Кошаркарската федерација.

Олимпијакос минатата сезона ја играше во Втората лига каде настапуваше со само еден странец, а останатиот дел од тимот го сочинуваа млади кошаркари кои имаа шанса да се докажат како би добиле повик од првиот тим за натпреварите во Евролигата.

Се вчитува...