Продолжуваат „бегствата“ од Гостивар: Си замина и тренерот Ибраими

Наспроти силните амбиции за лесна прволигашка промоција, со кои клубот ја стартуваше сезоната, продолжуваат „бегствата“ од второлигашот Гостивар кој остана и без тренерот Афет Ибраими.

Како што информираат од клубот, Ибраими се одлучил на заминување поради лични причини.

Поради финансиски проблеми, претходно Гостивар го напуштија и Енис Дервиши како и голманот Марко Јовановски.

Се вчитува...