Продолжуваат проблемите за Барса: Се повреди и Жоао Феликс

Продолжуваат проблемите за Барселона сезонава. Најново име на листата на повредени е португалскиот интернационалец Жоао Феликс, кој се повредил на денешниот тренинг.

Жоао Феликс им се приклучи на повредените Рафиња, Марк-Андре Тер Штеген, Серхи Роберто, Алехандро Балде, Ињиго Мартинез и Маркос Алонсо.

„Жоао Феликс доживеа повреда на утринскиот тренинг и нема да биде во конкуренција за мечот против Осасуна“, соопштија од Барселона.

 

Се вчитува...