Прокоцкана победа: Рома пак без радост на „Олимпико“

Фудбалерите на Рома и на вториот домашен натпревар сезонава не ги израдуваа своите верни навивачи, по оние 3-3 со Аталанта „волчицата“ денеска ремизираше 2-2 против Киево.

Овојпат римскиот клуб има за што да жали ако се знае дека одигра беспрекорно прво полувреме во кое Ел Шарави и Кристанте обезбедија водство од 2-0. И наместо вторите 45 минути да бидат рутина, домашните фудбалери „заспаа“, а гостите од Верона го искористија тоа за да стигнат до бод со головите на Бирса и на Степински.

Рома се обиде во последните седум минути да стигне и до трет гол, Џеко промаши одлична шанса во самиот финиш, па Рома уште по првите четири кола има само една победа, и веќе заостанува зад ривалите за највисок пласман.

Се вчитува...