„Пролет“ е за Вардар кога го води женска рака… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар, иако навидум потешко од очекувањата, стигнаа до победа на гостувањето против Пролет во седмата рунда натпревари од ракометната Суперлига.

„Вардарци“ успешно ги спроведоа на крајот тактичките замисли од клупата, овој пат водени од Билјана Црвенковска… Сето тоа поради фактот што првиот тренер Шпанецот Парондо деновиве е на потпишување договор за преземање на селекторската функција во Египет. Но, отсуството на Парондо не беше никаква пречка да се дојде до нова победа во домашното првенство…

 

Се вчитува...