Пролет потпиша со најдобриот стрелец во Супер-лигата

Најдобриот стрелец во Супер-лигата за ланската сезона, Давор Палевски, го напушти Работнички и потпиша договор со Пролет. Скопскиот клуб ја доби трката за поранешниот младински и кадетски репрезентативец на Македонија, кој лани постигна дури 190 гола на 17 суперлигашки натпревари.

„Задоволни сме што успеавме да доведеме квалитетно засилување кое ќе ја крене играта на Тинекс Пролет на едно повисоко ниво. Го задржавме речиси целиот тим од ланската сезона, а со дополнителното засилување остануваме на вистинска патека и очекуваме пласман во плејофот“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњановски.

Воедно, Тинекс Пролет не успеа да најде заеднички јазик за продолжување на соработката со Стефан Стојановски, кој неколку години наназад со успех го носеше дресот на овој клуб.

Се вчитува...