Пролет против чешка Карвина во Купот на ЕХФ

Тинекс Пролет ќе игра против чешкиот прволигаш Карвина во 2. коло од Купот на ЕХФ, одлучи денешната ждрепка во ЕХФ.

Согласно денешната ждрепка, ракометарите на Пролет најпрво ќе гостуваат во Чешка на 06/07. октомври, а реваншот е седум дена подоцна во Скопје.

Во третото коло од натпреварувањето во ЕХФ-купот ќе се приклучи уште еден македонски претставник, тимот на Работник од Битола.

Ракометарките на Металург ќе имаат тешка задача во првото коло од ЕХФ-купот, каде за противник го доби францускиот претставник Париз, во чии редови настапуваат Норвежанката Офтедал, како и холандската репрезентативка Абинг.

Се вчитува...