Пролет против Гранолјерс во Лигата на Европа

Македонскиот ракометен суперлигаш Пролет ќе игра против шпански Гранолјерс во 1. квалификациско коло од Лигата на Европа, одлучи денешната ждрепка во Виена. Гранолјерс минатата сезона заврши на четвртото место во шпанскиот шампионат, зад првакот Барселона, Бидасоа Ирун и Ла Риоха.

Гранолјерс е десеткратен освојувач на титуалта во шпанското првенство, но последен пат беа шампиони во сезоната 1973/1974 година. Двапати го имаат освојувано претходникот на ова натпреварување ЕХФ купот во сезоните 1994/1995 и 1995/1996 година, а славеа и во ЕХФ Купот на победниците на куповите во сезоната 1975/1976.

Првите натпревари ќе се играат на 28 или 29 август, а реваншите се закажани за седум дена подоцна.

Се вчитува...