Пролет сака во Струга да стави печат на плеј-офот

Пролет е многу близу до осигурување на место во плеј-офот од ракометниот шампионат, а финалниот чекор би можел да биде направен веќе утре, на гостувањето во Струга. Победа на овој меч ќе значи и дефинитивно место меѓу најдобрите четири екипи во Супер-лигата, на кои во плеј-офот ќе им се приклучат Вардар и Металург.

„Победа во Струга е она што сите го посакуваме, за уште утре да ставиме крај на сите дилеми и да го оствариме она за што работиме од стартот на сезонава, пласман во плеј-офот. На сите ни е јасно дека нема да биде нималку лесно бидејќи противникот е квалитетен, а и дополнително се засили во изминатиот период. Ги победивме убедливо во првиот круг, но сметам дека конечниот исход од тој меч не е реален сооднос на силите меѓу двата тима. Стружани се склоп на младост и искуство, а играта ја базираат на цврстата одбрана,а додека во нападот инсистираат на подолги акции. Мислам дека нашите шанси за успех ќе бидат поголеми ако успееме да наметнеме побрзо темпо, со што би им создале проблеми на домаќините“ – истакна тренерот на Струга, Никола Матлиески во пресрет на гостувањето во неговиот роден град.

Пролет моментно се наоѓа на третото место на табелата со 34 бода на своето салдо, девет повеќе во однос на Струга на шестата позиција.

Се вчитува...