„Промашувањето“ на Интер и на Јунајтед пред „кам-бек“ во Премиер-лигата

Своевремено еден од најдобрите крилни напаѓачи, чилеанецот Алексис Санчез е пред враќање во Премиерлигата.

Некогашниот играч на Барселона, Арсенал, Јунајтед и сега Интер, би можел одново да заигра во една од најсилните лиги во Светот. Во последните години не е ниту одблиску од она што беше кога „жареше“ и „палеше“ по Европа.

Се чини дека клучен момент за падот на неговата кариера е преминот од Арсенал во Јунајтед, па од тогаш не може да се пронајде себе си.

Спас на кариерата му нуди Евертон кој го сака да го види во своите редови. Санчез со оглед дека не игра во Интер, би можел да размисли на ваква варијанта. Трансферот би се случил во јануарскиот преоден рок.

Се вчитува...