Промашувањето на Манчестер Јунајтед заминува од „Олд Трафорд“

Ерик Баили пристигна на „Олд Трафорд“ како големо засилување во 2016 година, но не успеа да се наметне во тимот, ниту пак да ги исполни очекувањата по трансферот вреден 40 милиони евра.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска од сезона во сезона ја губеше минутажата не му помогнаа ниту бројните повреди, а сега е пред заминување. Како следна дестинација се јавува Олимпик Марсеј каде првата сезона 28-годишникот ќе ја помина на позајмица, а потоа францускиот клуб ќе има можност да го откупи неговиот договор.

Баили кариерата ја започна во Еспанјол за кој настапуваше и во младинските категории, а во Шпанија го носеше дресот и на Вилјареал. Заминувањето во Франција за него ќе биде прв предизвик во Лига 1.

Се вчитува...