Промена на датумот за старт на Премиерлигата: Продолжува во јуни?

На состанокот минатава недела беше одлучено англиската Премиерлига да биде одложена до 30. април, но сега веќе е извесно дека нема шанса да стартува пред јуни.

Поединеци од раководството на најквалитетната англиска лига веќе и во јавноста потенцираат дека нема шанса Премиерлигата да продолжи во мај. Во најдобар случај, доколку ситуацијата со коронавирусот е каква што е во моментов, би почнала во јуни со надеж да заврши до 30. јули.

Премиерлигашите се на принудна пауза. Во Англија постојано расте бројот на заразени од коронавирусот поради што секојдневно се засилуваат и мерките од Владата.

Се вчитува...