Пропадна трансферот на Херера во Шкендија, сега e најблиску до „Чаир“!?

Себастијан Херера, колумбискиот фудбалер со македонски пасош кој требаше да направи трансфер од Брегалница во Шкендија, сега е најблиску до тимот на Шкупи, откако во последен момент пропадна неговиот потпис со тетовските „црвено-црни“.

Левиот бек кој на почетокот на сезоната од МТК се врати во македонскиот шампионат и потпиша за Брегалница, стана слободен играч откако го раскина договорот со штипскиот тим. Требаше да биде промовиран во нов играч на Шкендија, меѓутоа во последен миг трансферот пропадна, па сега Херера е најблиску да го засили тимот на Гоце Седлоски.

Факт е дека Шкупи е во потрага по лев бек кој ќе ја зголеми конкуренцијата во обидот да се одбрани шампионската круна, а Херера е идеално решение за таа позиција.

Чаирскиот тим исто така е блиску да го врати и стоперот Дарко Илиески од таборот на Струга Трим Лум.

Се вчитува...