„Пропаднати спортисти“ – Деле Али, од 100 милиони до пијаница (ФОТО)

„Пропаднати спортисти“ заглавени во пороци нема да најдете само на Балканот, а пример за тоа е Деле Али. Долгогодишниот репрезентативец на Англија кој според „Трансфермакт“ во еден момент вредеше и 100 милиони евра ги живее најтешките денови од неговиот живот, бар така се чини.

Некогашната трансфер цел на Манчестер Јунајтед во моментот е позајмен играч во Бешикташ од Евертон, но не настапува ниту во турското првенство, туку се пијначи во родната Англија. Истанбулскиот тим бара начин да ја прекине неговата позајмица, а додека го прави истото тој беше фатен на снимка како во Салфорд како седи на маса полна на алкохолни пијалоци, тутун и хелиум балони.

Со истото дополнително го привлече гневот на навивачите на Бешикташ кои од него имаа големи очекувања, но добија само 17 натпревари во турското првенство.

Се вчитува...