Антоан Марсијал после седум години е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед. Во Јунајтед имаа понуда од Севилја која ја прифатија, но до трансфер нема да дојде, а причината се парите.
Марсијал има договор со Јунајтед уште две години. Севилја би го земала на позајмица до крајот на сезоната, а потоа со право на откуп. Меѓутоа преговорите „запнаа“ кај платата на Французинот. Марсијал заработува осум милиони евра по сезона, па така Севилја бара пола да го плаќа Манчестер, а пола тие. Ова било неприфатливо за Јунајтед којшто сака Севилја да ја превземе 100% платата на Французинот, по што се чини дека од трансферо нема ништо.
Затоа Севилја сега се врти кон Стивен Бергвајн од Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА