Пропаѓа трансферот на Маунт во Манчестер Јунајтед?

Мејсон Маунт е голема желба на Ерик тен Хаг, но преговорите помеѓу Чесли и Манчстер Јунајтед не се одиваат во најдобар можен ред и реализацијата на трансферот е под голем знак прашалник, пренесуваат англиските медиуми.

Челси официјално ја одби и втората понуда на „црвените ѓаволи“ која изнесува 50 милиони евра бидејќи истата е премала за поранешниот младинец на тимот кој досега одигра 195 натпревари за првиот тим. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ воедно не ја крие и желбата да го задржи Маунт и во следните сезони со побогат договор од оној кој истекува во 2024 година, но ситуацијата во клубот е прелоша поради кој тој сака трансфер на „Олд Трафорд“.

Ако веќе мора да го продаде Маунт, Челси инсистира на отштета од 70 милиони евра, но Јунајтед нема толкав буџет, ако се знае дека Тен Хаг планира воедно да купи и нов напаѓач и нов голман, па засилување на средниот ред не е приоритет за тимот од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...