Проработе „црногорскиот инает“ – Мајсторката ќе го даде АБА шампионот

Будуќност успеа да обезбеди мајсторка во битката за титулата во АБА лигата, откако актуелниот првак славеше и на вториот меч во Подгорица потив Црвена звезда со 84-80.

Натпреварот започна израмнето, се играше кош за кош се до финишот на првата четвртина кога резултатот на семафорот беше 20-25 за гостинскиот тим. Мечот продолжи израмнето, a на полувреме се замина со минимална предност на гостите од 35-38.

Неизвесноста продолжи и во третата четвртина која Црногорците ја добија минимално, за по три четвртини резултатот да биде 57-58 за шампионот на Србија. Во последните десет минути избраниците на Јасмин Репеша играа како по ноти и со одлична игра во последните три минути успеаја да стигнат до конечен триумф од 84-80.

Кол со 31 и Џексон со 23 поени беа најефикасни во победничкиот табор, додека најдобар стрелец кај Црвена Ѕвезда беше Берон со 24 поени.

Откако е новиот систем во финалето на АБА за прв пат ќе се игра решавачки петти меч.

Се вчитува...