Против Ерменците ќе играме и за дополнителни 1,12 милиони евра од УЕФА

Македонската репрезентација утре од 18 часот во Никозија, Кипар, ја очекува последниот натпревар од Ц-лигата во Лигата на нации, директната битка за првото место во групата и прогрес во Б-лигата следната сезона.

Само бод им е неопходен на избраниците на Игор Ангеловски да го осигуруваат шампионското место во Ц-лигата, со што следната сезона би играле ранг повеќе. Покрај за пласман повисоко на скалата на најдобрите репрезентации во Лигата на нации, мотивот за позитивен резултат против Ерменците се и 1,125 милиони евра кои Фудбалската федерација на Македонија ќе ги добие од УЕФА фондовите за освојување на првото место во групата.

Претходно, касата на ФФМ се дополни со 9,25 милиони евра со пласманот на Европското првенство следната година.

Натпреварот Ерменија-Македонија, кој на Кипар се игра поради воената состојба во Ерменија, се игра утре со почеток од 18 часот на стадионот „ГСП“ во Никозија.

Се вчитува...